Можност за донирање на банковното конто:
Makedonisch-Orthodoxe Kirchengemeinde Sv. Kiril i Metodij
IBAN: DE40600501010001180699BIC: SOLADEST600
Име на Банка: BW-Bank Stuttgart
МПЦО „Свети Кирил и Методиј” Штутгарт
Богатата библиотетска традиција на просторите на Република Македонија датира од времето на Св. Климент Охридски, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Голем е бројот на средновековни манастирски библиотеки, за чии фондови постојат материјални сведоштва, кои ги продолжиле традициите и ги сочувале верските книжевни дела на светите браќа.
Токму поради традиционалната карактеристика на македонската самобитност и имајќи ја во предвид големината на личноста и делото на светите браќа Кирил и Методиј, во Штутгарт, Германија се роди идејата за формирање на Македонска православна црковна општина, која го носи името на солунските браќа. Секако, мотив не беше само желбата луѓето да се здружат меѓу себе, туку и фактот, што на овие простори одлежал затвор Св. Методиј, осуден од страна на Бискупскиот суд во Регензбург, за ширење на ерес.
Македонското население на просторите на Јужна Германија опстојува повеќе од 40 години. Првиот поголем бран на Македонци кои се
населиле на овие простори, е кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век. Практично, тоа е периодот кога
голем број Македонци заминуваат на печалба низ земјите од Западна Еворопа и светот.
Со нивното доаѓање тука, секако дека потребата од меѓусебно
дружење била повеќе од потребна, па затоа се организирале во разни организации,
клубови и други форми на дружење, каде ги одржувале и негувале културата и традицијата од нивната родна земја.
Што се однесува до црковниот живот, мора да се кажи дека во почетокот истиот не бил организиран и дури негде во средината на 80-тите и почетокот на 90-тите години почнала да се јавува желба за формирање на црковни општини, каде што нашите луѓе ќе ги задоволуваат своите духовни потреби.