Од Вас за Вас

изградба на свет Храм







Обраќање на Претседателот на Црковниот одбор


Почитувани Браќа и Сестри, почитувани Македонци,

Се соочуваме со сериозни и за нас предизвикувачки моменти. Се наоѓаме пред колебливо искушение, да издржеме или не.

Ако ја цитираме хамлетовата: Да се биде или не, тогаш сите заедно без размислување ќе одговориме:

МОРА ДА БИДЕМЕ... МОРА ДА ИСТРАЕМЕ... МОРА КАКО НАРОД ДА ОПСТАНЕМЕ !!!

Нашето постоење е исконско. Нашата историја е препознатлива. Предците наши се поборници за тоа што сме. Токму затоа идентитетот, јазикот, православието (ВЕРАТА), традицијата, обичаите, орото,фолклорот.... и на дедовците заветот, мораме достојно да го зачуваме. А македонштината во светло сонце да ја претставуваме. Ги оставивме огништата да тлеат во татковината,

ги посетуваме најблиските, роднините и пријателите еднаш до двапати во годината. Ја оставивме Татковината сама за да се грижи за иднината, на нови простори дојдовме живот да оствариме. Со нови навики да се бориме и секојдневно за постоењето наше да се докажуваме.

Ајде сето ова да го победиме.

Ајде заедно да се обединеме и истата мисла во наша водилка да ја претвориме. Верата наша мора во сопствената црква да ја почитуваме, сите молитви заедно да ги пееме и исправени коректно и смело со иста рака да се прекрстуваме.

Од Вас за Вас или пак..... од сите Нас за сите Нас... е новиот заеднички проект кој има огромна цел и намера да ги оствари и реализира сите актуелни потреби, барања и приоритети поврзани со сите Mакедонци кои живеат на овие простори и пошироко.

Ајде да ги надминиме сите предрасуди, македонскиот јазик, културното и историското минато да го поставиме во секојдневен приоритет и да создадеме иднина исполнета со среќа, љубов и благослов.

Градење или купување на свој, наш Храм, е неопходна инвестиција во која треба и мора да учествуваме сите заедно. Со заеднички сили, со расположлива финансиска и духовна моќ, да создадеме заеднички дом која ќе не направи горди и достоинствени Македонци.

Затоа ве повикувам! Станете Парохијалец!

Привилегијата да се биде свој на овие простори, е рефлективен имулс во кој се наоѓаме сите и зависи од сите нас. Затоа треба сите да одговориме на предизвиците, да се соочиме со одговорностите и им се посветиме на обврските, и заедно искрено и вистински да дејствуваме.

Бидете Активни во секој поглед, во Верата, во Македонскиот јазик, во единствениот спортски клуб што го имаме тука и што го носи името МАКЕДОНИЈА во Фолклорната секција во Пензионерското друштво.

Македонци сме биле, Македонци сме и Македонци ќе останеме! да живее МАКЕДОНСКИОТ НАРОД да живее МАКЕДОНИЈА.

Со божја волја заедно да продолжиме.

Амин




Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, Помилуј не.

Адреса


Ilsfelder Straße 10
70435 Stuttgart

Контакт


Можност за донирање на банковно конто


Mazedonische Orthodoxe kirchliche Gemeinde
St. Kiril und Metodij e.V.

IBAN: DE40600501010001180699
BIC: SOLADEST600
Име на Банка: BW-Bank Stuttgart
Copyright © Sv. Kiril i Metodij Stuttgart 2019