Дополнителна настава по Македонски јазик



Да не биде заборавено




Значењето на Македонскиот јазик



Јазикот е општествена појава која се јавува како потреба на еден народ да комуницира и да се разбира меѓусебно. Стандардната пројава на општонародниот јазик е официјалната форма со која се комуницира во една држава и тој е задолжителен за една општествена заедница. Македонскиот јазик го добил своето име според народот Македонци.
Во “Историската фонологија на македонскиот јазик” од Блаже Конески, македонскиот јазик го сочинуваат група говори што се наоѓаат на најјужниот дел на словенскиот јазичен свет.
Старословенскиот е најстар литературен словенски јазик. Истиот е писмено забележан со првите преводи на библиските текстови кои ги направиле браќата Кирил и Методиј употребени за мисионерски цели а тоа е огромно ширење на христијанството меѓу словените. Мисионерската работа почнала од Моравија а продолжила во Панонија.
Во 9 век Кирил ја создал азбуката и заедно со брата си Методиј ги превеле основните текстови за ширењето на христијанството меѓу словенскиот свет. Христијанството е еден систем на ритуално организирање на календарски, семејни обреди, празнувања, фолклор, традиција.
Односно сите основни мигови на едно исполнето, образовно, културно и историско човечко постоење.
Почитувани Македонци
Овој вовед е само мал дел од големото суштествено и тенденциозно значење на македонскиот јазик. Тој е темелот и потврдената основа за нашето вистинско постоење. Започнале браќата Кирил и Методиј а сите ние, кои искрено, несебично, теоретски и практично го зборуваме, пишуваме и го учиме- ја продолжуваме нивната мисија.
Јас сум еден ученик но истовремено и учител кој совесно,сериозно,одговорно,смело и професионално ја извршува својата мисионерска мисија.
Но, јас сум само во моментов поставена како компетентно и стручно лице за изведување на оваа моја најпосакувана,племените и значајна работа.
За да биде мисијата уште поблагородна,успешно докажана и потврдена ни требаат резултати.
Треба сите ние заедно, сплотени,единствени, да ги употребиме нашите расположливи средства,време,желби и да се организираме. Да се погрижиме толку колку што е потребно за зачувувањето на нашиот идентитет, нашата народност, потекло и јазик.
Јас ја изведувам дополнителната настава на македонски јазик.
И сум многу горда што можам на малите и идни поколенија да ги научам или да им зборувам, или цртам, или пеам за вокалното,консонантното,фолклорот, симболот,митот и тоа на, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
Јас ја спроведувам започнатата мисија која мора да ја продолжат генерациите што доаѓаат.
Само така ќе го докажеме нашиот респект и почит кон Кирило-Методиевото дело.
Ајде заедно да учествуваме во чувањето и употребата на кирилометодиевската дејност. Таа е скапоцен, консеквентено образовен говор и писмен податок преполн со љубов и знаење. Токму таа љубов и знаење го докажува правото на сопствена азбука. Азбука на која соодветно и точно ќе се чита она што е напишано: БОГ, ЧОВЕК, ДАРЕЖЛИВОСТ, ЈАЗИК.
Привилегијa е што можеме да изведуваме настава во странска земја и истата ни дозволува сами да се погрижиме за идентитетот и приоритетот на сопствениот македонски јазик.
Ајде да ги вложиме сите наши индивидуални, заеднички интереси и цели и да бидеме дел од нацијата која создава своја историја.
Пријавете ги Вашите деца, присуствувајте и покажете активност на часовите, и во оваа нова средина да се покажеме како единствени, непоколебливи и горди Македонци.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКОИТ НАРОД, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА


МПЦО Свети Кирил и Методиј од Штутгарт
ве повикува вас и вашите деца да земете учество на Часовите по Македонски јазик.
Заинтересираните кои сакаат да го негуваат јазикот и културата од својата татковина можат да се пријават на веб страницата под
Проекти/Регистрирање > Тема/проект:(одберете) Дополнителна настава по македонски јазик.
За термините и условите ќе бидете информирани преку вашата Е-Маил адреса.

Адреса


Ilsfelder Straße 10
70435 Stuttgart

Контакт


Можност за донирање на банковно конто


Mazedonische Orthodoxe kirchliche Gemeinde
St. Kiril und Metodij e.V.

IBAN: DE40600501010001180699
BIC: SOLADEST600
Име на Банка: BW-Bank Stuttgart